Почитувани,
Ми претставува посебна чест и задоволство да Ве известам дека конзорциумот составен од компаниите Kostal, ODW-Elektriik, LTH-Learnica и OЕМУЦ ”Св. Наум Охридски” – Охрид го добија грантот за набавка на современа дидактичка опрема во вредност од 580.000 евра од RCF-fond поддржан од германската KFW банка кој треба да се реализира во наредниот период.Изразувам посебна благодарност до RCF-fond за поддршка и унапредување на практичната настава и осовременување на училишната работилница во OЕМУЦ ”Св. Наум Охридски” – Охрид да прерасне во Центар за обука не само во Охрид туку и за целиот југо-западен регион.
Директор
професор Сашо Недески