На ден 21.9.2021 г. (вторник), учениците од I-A клас од нашиот училиштен центар заедно со класниот раководител, професорката по Македонски јазик и литература, Ирена Ралева Најдевска спроведоа еко-акција на тема: „Заштита и зачувување на животната средина“.
Целта на еко-акцијата беше подигнување на јавната свест за зачувување на животната средина.
Да се грижиме за животната средина и да негуваме здрави навики за совесно однесување.
Нека оваа наша еко-акција биде поттик и за другите граѓани во иднина да спроведуваат еколошки акции.
Биди и ти совесен, почитувај ја и чувај ја природата!