Blog
Новата улога на наставникот и новите стратегии за поучување и учење
- August 24, 2021
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
На 23 и 24-ти август 2021 година во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ се одржа обука за современите концепции на средното образование. Обуката ја спроведе м.р. Јане Цаноски, наставник по електро група предмети во нашиот Центар кој беше ангажиран од Академија Ц.Е.С. Обуката се спроведе според програма која е сертифицирана од страна на Бирото за развој на образованието.
Главен акцент на обуката се стави на новата улога на наставникот и новите стратегии за поучување и учење. Главната цел на обуката беше да се зајакнат професионалните компетенции на наставниците во училиштата за средно образование за да бидат оспособени да реализираат современа настава (современи концепти за средното образование), согласно потребите на учениците и општетсвото, односно да обезбедат квалитетно образование и да бидат лидери во училницата, подготвени да донесуваат одлуки.
За таа цел, треба наставниците да се оспособат да ги користат современите форми и стратегии во реализацијата на наставата што го поттикнуваат учењето со размислување, практичното учење, учењето преку откривање, дивергентното учење, критичкото и креативното мислење. Во овој контекст, зајакнувањето на професионалните компетенции на наставниците значи стекнување на нови знаења и вештини, но и промена на свеста и добивање на желба за потребата од реализација на современа настава, која би била корисна за учениците и општеството во целина.