Blog
Обука за млади оператори и техничари
- July 20, 2021
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
Во рамките на пилот проектот „Обука за напредни технологии во автомобилскиот сектор“ кој КОСТАЛ го реализира заедно со ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ и со поддршка од швајцарскиот проект Е4Е@мк, се спроведува дополнителна обука за годинешните матуранти од стручното училиште.
Поголем број на ученици од четврта година изразија желба за учество во обуката која пред завршување на учебната година ја следеа нивните наставници, со особен интерес за напредните производствени технологии кои ги применува КОСТАЛ. Обуката за млади оператори и техничари е одговор на пројавениот интерес, кој воедно создава можност за овие млади лица кои го завршуваат средното образование во ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ да го надокнадат недостатокот на практично искуство и да ја зголемат можноста за вработување.
Обуката исто така влијание позитивно и кон надминувањето на тешкотиите со кои се соочува компанијата при регрутирање на нови, млади и стручни кадри. Профилите кои се вклучени во оваа обука се: електротехничар за компјутерска техника и автоматика, електротехничар енергетичар, машински техничар за компјутерско управување, автотехничар мехатроничар, машински техничар и техничар за патен сообраќај.

