Blog
Оглас за слободни места за упис во I година во третото пријавување
- June 26, 2020
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
Училишната комисија за спроведување на конкурсот за упис на ученици во Општинскиот Електромашински училиштен Центар “ Св.Наум Охридски“ – Охрид, за учебната 2020/21 година, објавува:
ОГЛАС
За слободни ученички места за образовните профили за упис во I година за учебната 2020/2021
Во I година во јунскиот уписен рок – трето пријавување ќе се запишат вкупно 235 ученици од кои 167 ученици во 11 паралелки на настава на македонски наставен јазик и 68 ученици во 2 паралелки со настава на албански јазик, според наставни планови и програми за :
МАШИНСКА СТРУКА –59 ученици, 3 паралелки
-техничар за компјутерско управување/ мак. 16 уч. 1 пар. 4 год.тр.40 мин.поени
машинско -енергетски техничар/ машински
техничар за моторни возила
-техничар за производно машинство/ машински техничар мак. 4/5 (9)уч. 1 пар. 4 год.тр.48/38мин.п
-заварувач-обработувач на метал мак. 34 уч. 1 пар.3 год. тр. 30 мин.поени
ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКА СТРУКА – 120 ученици, 7 паралелки
-електротехничар за компјутерска техника и автоматика мак. 8 уч. 2 пар.4 год. тр. 55 мин. поени
– електротехничар за електроника и телекомуникации мак. 19 уч. 1 пар.4 год. тр. 44 мин.поени
-електротехничар-енергетичар мак. 14 уч. 1 пар.4 год. тр. 42 мин.поени
-електротехничар-енергетичар алб. 34 уч. 1 пар.4 год. тр. 45 мин.поени
-техничар за индустриска мехатроника/автоелектричар мак. 4/7 (11)уч. 1 пар.3 год. тр. 51/30 мин.поени
-автоелектричар мак.34.1 пар.3год.тр.30 мин.поени
ЛИЧНИ УСЛУГИ – 8 ученици, 1 паралелка
-техничар за козметичка нега и убавина мак.12 уч. 1 пар.4 год. тр. 43 мин. поени
СООБРАЌАЈНА СТРУКА –48 ученици, 2 паралелки
-техничар за патен сообраќај мак 14. уч. 1 пар.4 год. тр. 52 мин. поени
-техничар за патен сообраќај алб. 34 уч. 1 пар.4 год. тр. 55 мин.поени
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ
При пријавувањето, учениците треба да ги поднесат следните документи:
-Пријава за запишување ( пријавата за запишување ученикот ја подигнува од училиштето во кое ученикот сака да се запише и истата е безплатна);
– оригинални сведителства од VI до IX одделение;
-извод од матичната книга на родените ( без оглед на датумот на издавањето).
– дипломи од освоени I, II и III место од републички и меѓународни натпревари доколку ученикот има освоено по следните предмети: мајчин јазик , странски јазик, природни науки,математика,физика,хемија,биологија и географија и предмети значајни за струката – математика и физика за машинската, електротехничката и сообраќајната струка и хемија и биологија за лични услуги).Се препорачува документите за запишување да не се праќаат по пошта и пријавувањето да се врши лично од ученикот т.е родителот или старателот.
УСЛОВИ И КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА УЧЕНИЦИТЕ
Услови за запишување на учениците:
– да имаат завршено основно образование;
-да не се постари од 17 години;
-да се определиле за план и програма за еден од горенаведените образовни профили од електротехничката , машинската, сообраќајната и лични услуги.
Критериуми за избор на учениците се :
-среден успех на ученикот од VI до IX одделение
-среден успех на ученикот постигнат по четири предмети ( мајчин јазик, странски јазик и двата предмети кои се од значење за струката – електротехничка, машинска и сообраќајна – математика и физика и лични услуги – хемија и биологија)
-дипломи од освоени ( I, II и III ) места од меѓународни и републички натпревари ( (мајчин јазик , странски јазик, природни науки,математика,физика,хемија,биологија и географија и предмети значајни за струката)
-средна вредност од поени за поведение( примерно-5 поени; добро -3 поени, незадоволително -0 поени)
ПРИЈАВУВАЊЕ Пријавувањето и запишувањето на учениците во третото пријавување се врши на 29 јуни 2020 година, а резултатите од запишувањето на учениците и слободните места ќе се објават на 30 јуни 2020 година. Учениците кои полагаат поправни испити, испит на годината, испити за побрзо напредување можат да се запишат после јунскиот рок на 24 август 2020 година, со соодветна документација.
НАПОМЕНА : Пријавувањето на учениците за упис ќе се врши според Протоколот за упис од МОН со почитување на сите препораки за заштита од КОВИД 19.
26.06.2020 година Од училишната комисија при
Охрид ОЕМУЦ“ Св.Наум Охридски“ –Охрид