Blog
Реализација на настава во вонредни услови
- April 4, 2020
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
Во насока на поуспешна реализација и организација на наставата во средните училишта и оценувањето на учениците за времетраењето на вонредната сосотојба, Центарот за стручно образование и обука прави напори за институционална подршка на стручните училишта и наставници во организација и реализација на наставата во вонредни услови. За таа цел центарот изготви Упатство (насоки и совети) за далечинско учење во средното стручно образование. Овој документ е достапен на страната на Центарот за стручно образование и обука www.csoo.edu.mk.
Исто така ЦСОО право напори за градење и надополнување на Нациналната платформа ЕДУИНО со снимени наставни материјали за наставните предмети од стручното образование. Снимените материјали ќе бидат дополнителен ресурс за далечинско учење. На овој начин учениците од средно стручно образование ќе имаат пристап до квалитетни материјали кои ќе помогнат во совладување на наставниот материјал и постигнување на целите и резултатите од учење.