Blog
Информација од Министерството за образование и наука
- March 24, 2020
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
На седницата на Владата одржана на 23.03.2020 година е донесена и Уредба со законска сила за примена на Законот за средно образование за време на вонредната состојба, која ќе се применува за реализација и организација на наставата преку далечинско учење односно учење од дома, со примена на средства за електронска комуникација.
Средства за електронска комуникација, во смисла на оваа Уредба се средства кои обезбедуваат реализација на наставата без заедничко физичко присуство на учесниците во наставниот процес и кои овозможуваат взаемна двонасочна комуникација.
Средства за електронска комуникација можат да бидат видео-конференциски платформи, електронска пошта или други системи за електронска размена на податоци.
За употреба на видот на средствата за електронска комуникација одлука донесуваат средните училишта.
За периодот на организирање на наставата во средните училишта преку далечинско учење односно учење од дома, наставникот може да изврши оценување на учениците.
Со примена на средствата за електронска комуникација може да се спроведат испрашувања, тестирања на учениците или да се користат други форми на утврдување и оценување на знаењата на ученикот