Blog
Патронен празник на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- December 28, 2019
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
На 27.12.2019 година ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид го обележа својот патронен празник.
На свеченоста пред пристуните гости од Локалната самоуправа на општина Охрид, останатите средни и основни училишта, претставниците на компаниите кои соработуваат со ОЕМУЦ „Св. Наум Охриски“ како и пред родителите свое обраќање имаше директорот Сашо Недески кој се осврна на работата на Центарот во поглед на воспитно образовната дејност и подобрувањето на условите за учење и работа.
На свеченоста беа доделени благодарници на претставници од компаниите со кои Центарот соработува во областа на дуалното образование, благодарници на компании и поединци кои придонесоа кон развојот и презентацијата на Центарот, јубилејни награди на вработените како и награди за учениците кои постигнаа високи резултати во учењето и учеството на државни и меѓународни натпревари. Исто така беа доделени награди и на учениците кои учествуваа на литературниот и ликовниот конкурс кој беше распишан по повод патрониот празник.
Во културно уметничкиот дел беше изведен рециталот „Видение“ во чест на Св. Наум Охридски и 80 години од објавувањето на стихозбирката „Бели Мугри“ од Кочо Рацин, сценската игра „Последниот час“ по текст на учениците од драмската секција како и музичка изведба на ученици.
Во рамките на свеченоста имаше и презентација на проекти од меѓународниот натпревар „Балкан Јуниор“ изработени од учениците од машинската и елктротехничката струка како и ликовна изложба на слики изработените од учениците од Центарот. Беше организиран и Новогодишен базар со хуманитарен карактер.














