Blog
Државен натпревар „Лидер на струка 2019“
- December 9, 2019
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
На 06.12.2019 година во СОУ “Гошо Викентиев” во Кочани, по шести пат се одржа натпреварот за избор на Лидер на струката од завршните години од средното стручно образование (електротехничката, машинската и сообраќајната струка), на кој успешно учество имаа и учениците на средното стручно училиште ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид.
Во сообраќајната струка во образовниот профил техничар за патен сообраќај, прво место и Лидер на сообраќајната струка освои ученикот Дарко Наумоски, под менторство на професорите Ѓоко Милески, Весна Нанеска и Наташа Гредоска.
Во електротехничката струка во образовниот профил електротехничар-енергетичар, прво место освои ученикот Борче Стевоски, под менторство на професорите Сашо Ѓорѓиески и Владо Јанкулоски, а ученикот Борис Здравески под менторство на професорите Гоце Ѓорѓиевски и Јане Цаноски во образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика го освои осмото место.
Во машинската струка во образовниот профил машински техничар, ученикот Наумче Божиноски под менторство на професорите Владо Трајчески и Стојан Новески го освои третото место, додека во образовниот профил автотехничар мехатроничар се натпреваруваше ученикот Илија Петрески кој под менторство на професорите Климе Ристоски и Бошко Силјаноски го освои четвртото место.