ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во соработка со Министерството за образование и наука се наоѓа во фаза на подготовка за опремување на една паметна училница со смарт табла, проектор и таблети како и за една конференциска сала. Донатор на целокупната електронска опрема е кинескиот производител „Хуавеј“.
За таа цел на 13.09.2019 година во посета на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ беа претставниците од кинескиот производител на електронска опрема „Хуавеј“ заедно со претставник од Министерство за образование и наука.
При посетата, делегацијата беше запознаена со условите за работа и остварување на воспитно-образовната дејност во Центарот.