Blog
Екскурзија со учениците од трета година
- June 18, 2019
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
Екскурзијата беше реализирана во период од 24.05.2019 до 29.05.2019 година со вкупно 62 ученици и 3 професори. Целта на екскурзијата беше да се посетат градовите Венеција и Верона во Италија за подобро запознавање на историјата, културата и начинот на живеење на луѓето во истите, како и Плитвички езера и Постојнска Јама. Ексурзијата беше изведена преку охридската туристичка агенција “Вис-Пој”.
Прва дестинација беше Националниот парк Плитвице и надалеку прочуените Плитвички езера во Република Хрватска. Учениците се движеа по пешачки патеки околу езерата и се возеа со брод на едно од езерата. Имаше возење и со воз до влезот, односно излезот на националниот парк.
Во вечерните часови учениците пристигнаа во градот Лидо ди Јесоло во кое беа сместени три дена во хотелот “Trendo”.
Наредниот ден со брод од Punta Sabione пристигнавме во Венеција и ги посетивме сите поважни дестинации како што се: плоштадот Св.Марко и Црквата Св.Марко, Дуждовата палата, мостот Rijalto, Santa Maria della Salute, мостот на воздишките, како и големиот канал-Гранде кој ја дели Венеција на два дела.
Наредниот ден учениците имаа можност во Верона да ја посетат куќата на Јулија, куќата на Ромео, арената и palazzo Barbieri
Последниот ден ја посетивме Постојнска Јама со подземните тунели и пештери како и надалеку прочуената човечка рипка.
Во рамките на програмата беа посетени и 2 трговски центри во Италија и Љубљана. Екскурзијата беше изведена без инцидент и достојно го презентиравме нашето училиште и нашата татковина. Децата беа кооперативни, одговорни, поттикнати да се стекнат културни навики во услови на групно патување и манифестирање на позитивни емоции, другарување и взаемна подршка. За нашата дисциплина бевме во неколку наврати пофалени и од хотелските работници во Лидо ди Јесоло, туристичките водичи во Италија како и од организаторите на екскурзијата, туристичката агенција ,”Вис-Пој”, на што сме особено горди и задоволни.





