Учениците од електротехничката струка од образовниот профил Техничар за индустриска мехатроника кои завршија прва година започнаа со изведување на феријалната пракса кај нашите партнери Костал и ЛТХ Леарница.
Феријалната пракса ќе се изведува во периодот од 11.06.2019 година до 28.06.2019 година и има за цел учениците да се запознаат со процесот на производство и принципот на работа во компаниите како и да ги применат своите теоретски знаења во практичната работа.