Blog
Национален натпревар на ученички компании
- May 16, 2019
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
На 10.05.2019 (петок) нашата ученичка компанија со свои претставници учествуваше на национален натпревар на ученички компании кој се одржа во трговскиот центар Веро во Скопје, каде имаа можност пред жири комисија, претставници од Junior Achievement кои воедно се организатори на овој настан, како и министерот за образование г-дин Арбен Адеми, преку штанд и презентација да ги покажат своите вештини и креативност.
Нашите ученици предводени од професорот Бојан Николовски се претставија со козметичко студио „Beauty Style“ во рамките на својата ученичка компанија и струката Лични услуги имаа можност да презентираат што сработиле во текот на учебната година, брендирани со свој штанд, име и лого на компанијата и да се натпреваруваат за наградниот фонд обезбеден од страна на организаторот.
Настанот ја поддржува идејата дека младите треба рано да бидат вклучени во светот на бизнисот, помаѓајќи им да направат најдобри можни одлуки за образование и кариера.
Придобивки за учениците се развој на претприемачки вештини, ставови и однесување, креативно размислување и решавање на проблеми, комуникациски и презентациски вештини, самодоверба и став, управување со ризик, тимска работа и лидерство.