Blog
Државни натпревари 2019
- May 13, 2019
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
На 03.05.2019 во средното стручно училиште ,,Ѓорѓи Наумов’’ во Битола се одржаа XXXVIII државен натпревар во електротехничка, машинска и сообраќајна струка. Нашето училиште го претставуваа 6 ученици заедно со нивните ментори при што постигнаа забележителни резултати. Ученикот Борче Стевоски од електротехничката струка и образовниот профил електротехничар – енергетичар, под менторство на професорите Владо Јанкулоски, Љубица Смилевска Мојсовска и Сашо Ѓорѓиоски освои II место, ученикот Јован Андоновски од електротехничката струка и образовниот профил електротехничар за електроника и телекомуникации под менторство на професорите Билјана Ристоска и Радомир Јорданоски освои III место, а ученикот Петар Илоски од сообраќајната струка под менторство на професорите Ѓоко Милески, Весна Нанеска и Наташа Гредоска исто така освои III место. Учениците Мартин Милошевски од електротехничката струка и образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика под менторство на професорите Гоце Ѓорѓиевски и Јане Цаноски и ученикот Наумче Божиноски од машинската струка и образовниот профил машински техничар под менторство на професорите Стојан Новески, Наташа Јанкоска Китани и Владо Суклоски беа пофалени. Исто така забележително учество имаше и ученикот Дејан Мечкароски од машинската струка и образовниот профил автотехничар мехатроничар под менторство на професорите Бошко Сиљаноски, Климе Ристоски и Вангел Костоски