Blog
ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ – Охрид со учество на Trash Fashion
- June 12, 2018
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
По повод Светскиот ден на животната средина 5 јуни, Здружението на граѓани ОХО oрганизира Trash Fashion – модна ревија на креации изработени со реупотреба на материјали.
Модната ревија Trash Fashion Macedonia се спроведува преку Програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ и претставува натпревар наменет за средните училишта. Програмата ја имплементира Здружение на граѓани ОХО во соработка со Министерството за образование и наука на Република Македонија.
ОЕМУЦ „ Св Наум Охридски“ по трет пат успешно се претстави на оваа модна ревија со свој модел кој го изработија учениците од нашето училиште.
Тимот на ОЕМУЦ „ Св Наум Охридски“ беше составен од: Ангела Пуцоска- модел, Натали Цацаноска и Ивона Радиновац, под раководство на професорките Билјана Божиноска и Александра Ставреска.





