Blog
Награди за учениците од ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“ на државниот натпревар во Скопје
- May 6, 2018
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
Учениците при ОЕМУЦ „ Св Наум Охридски“-Охрид се вратија со освоени
награди од одржаните XXXVII Државни натпревари на 04.05.2018 година во
АСУЦ„Боро Петрушевски“ – Скопје, а организирани од ЗЕМСУ (Здружение на
електротехничките, машинските и сообраќајните училишта на Република Македонија).
На овие натпревари учествуваа 23 училишта од државата и во силна конкуренција екипата составена од ученици при ОЕМУЦ „ Св Наум Охридски“-Охрид под водство на професорката Сања Јованоска оствари забележителни резултати.
Во конкуренција од 17 ученици од образовниот профил Електротехничар за компјутерска техника и автоматика ученикот Милошески Давид ја освои првата награда под менторство на професорката Сања Јованоска.Ученикот Адријан Тасески од образовниот профил Автотехничар – Мехатроничар под менторство на професорот Вангел Костоски ја освои третата награда.Под менторство на професорот Ѓоко Милески ученикот Христијан Јосивоски од образовниот профил Техничар за патен сообраќај ја освои исто така третата награда.Учениците од екипата од другите образовни профили добија пофалници за покажаните резултати на натпреварите.
Воедно организирано беше посетен од учениците и професорите по Македонски јазик и литература од ОЕМУЦ „ Св Наум Охридски“-Охрид и Саемот на книга кој се одржува од 03 до 09 Мај во СРЦ„Борис Трајковски“ – Скопје.