Blog
ОЕМУЦ Св. Наум Охридски > Blog > Вести > Награди за учениците од ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“ на Образовонто рандеву 2018
Награди за учениците од ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“ на Образовонто рандеву 2018
- April 26, 2018
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
No Comments
МАССУМ (Македонска асоцијација на средни стручни училишта) како секоја година така и годинава организираше „Образовно рандеву“ на кое се претставија сите средни стручни училишта од Република Македонија. На 20 и 21 Април оваа година домаќин на Образовонто рандеву беше „Универзитетот за туризам и менаџмент “ од Скопје. ОЕМУЦ „ Св Наум Охридски“ се претстави во седум категории:
- Најдобар штанд,
- Најдобра фотографија,
- Најдобра web страна,
- Маркетинг план,
- Најдобра видео реклама,
- Интервју за работа на македонски јазик и
- Интервју за работа на македонски јазик.
Нашето училиште се претстави во најдобро светло и освои три награди:
- Прво место за најдобро уреден штанд (под менторство на професорката Билјана Божиноска)
- Второ место Интервју за работа на македонски јазик (под менторство на професорката Билјана Попоска)
- Трето место за најдобра web страна (под менторство на професоркатаАлександра Настоска Николоска)







