По повод 21 март – „Денот на еколошката акција на младите на РМ“ – ОЕМУЦ „Св НаумОхридски“ организира активности за учениците и вработените:
-Расчистување на дворот околу училиштето
– Засадување садници – цвеќиња, со што ја поддржа националната еколошка акција организирана од страна на Министерството за животна средина „ Македонија земја на цвеќето – земја на розите“, Локалната самоуправа и основните училишта во градот;
Покрај разубавувањето на училишниот двор, акцијата има и еколошко значење бидејќи цветовите се познати по нивната карактеристика за извлекување на тешките метали од почвата.
Сите овие активности имаа за цел поттикнување еколошка и естетска свест кај младите.