Учениците од прва година присуствуваа на презентација посветена на процесот на снимање на филмот „Сè што остана беше приказна“, во режија на Лидија Мојсовска.
Преку оваа средба, учениците имаа можност поблиску да се запознаат со сите фази од филмската продукција – од почетната идеја и подготовката, до реализацијата на филмот.
Посебен акцент беше ставен и на креативноста на младите, нивните идеи и темите што би сакале да ги обработат доколку добијат можност да создадат сопствен филм.
Настанот претставуваше можност за поттикнување на креативното размислување, размена на идеи и запознавање со филмската уметност и процесот на создавање филм.
Учиме, истражуваме и ги откриваме можностите за креативно изразување!