Во рамките на иницијативата „Училиштата без пластика“, нашите ученици активно учествуваа во есенската акција за пошумување над Горно Лакочереј, каде беа засадени 700 садници од бел бор, црн бор, јавор и даб. 🌲🌳
Со ваквите активности не засадуваме само дрвца – негуваме еколошка свест, одговорност и љубов кон природата. Зашто секое засадено дрво е надеж за почиста, поздрава и позелена иднина!