Blog
Промоција на безбедна училишна средина
- November 13, 2026
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
Нашето училиште е дел од втората фаза на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.
Проектот го спроведува „Коалицијата на младински организации СЕГА“, во партнерство со „Македонскиот центар за граѓанско образование“, Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ и „СМАРТ АП“ – Лабораторија за социјални иновации, а во соработка со Министерството за образование и наука.
Проектните активности се реализираат во периодот од септември 2026 до август 2029 година, со финансиска поддршка од Детската фондација „Песталоци“.
Преку учеството во овој проект, нашето училиште се вклучува во процесот на создавање побезбедна и поддржувачка училишна средина, во која секој ученик ќе се чувствува прифатен, почитуван и заштитен.
На 12.11.2026 година се оддржа првата работилница под наслов „Функционирање на ученичка организација“



