Blog
Подготвителен состанок за Балкан Јуниор 2027
- November 12, 2026
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
Во периодот од 5 до 7 ноември 2026 година, во Зеница, Босна и Херцеговина, се одржа подготвителниот состанок за меѓународниот натпревар „Балкан Јуниор 2027“. Нашето училиште ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ го претставуваа професорите Ангеле Буџакоски, Сања Јованоска и Спаска Јаќимоска, заедно со директорот Сашо Недески.
На работниот состанок со менторите беше презентирана натпреварувачката задача „Smart Home“, која ќе биде предизвик за учесниците на натпреварот во мај 2027 година во JU Tehnička škola Zenica.
На состанокот со директорите, со кој претседаваше претседателот г. Бранко Голоскоковиќ, беа разгледани досегашните активности и реализираните резултати во рамките на проектот.
Најважниот заклучок на состанокот е за нашето училиште ОЕМУЦ”Св. Наум Охридски” кое ќе биде домаќин на натпреварот Балкан Јуниор 2028! Тоа ќе биде можност Охрид да биде домаќин на млади таленти, професори и стручњаци од регионот.
Покрај работните активности, учесниците имаа можност да ги запознаат културните и туристичките знаменитости на Босна и Херцеговина, меѓу кои Босанските пирамиди во Високо, градот Травник и родната куќа на нобеловецот Иво Андриќ.
Од срце им благодариме на домаќините од JU Tehnička škola Zenica за исклучителното гостопримство и одличната организација.



