Blog
Едукативна работилница на тема „Жена со моќ-мали чекори за здравје и благосостојба“
- November 4, 2026
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
На ден 03.11.2026 во салата на Хотел ,,Далјан” во Oхрид, се одржа успешна и инспиративна едукативна работилница на тема „Жена со моќ-мали чекори за здравје и благосостојба“ организирана од Oпштина Охрид, Советот за женско претприемништво на општина Охрид и козметичкиот салон СПА ,, Изида ” од Охрид.
Работилницата беше посветена на подигнување на свеста за секојдневната грижа за физичкото здравје, менталната рамнотежа и правилната нега на кожата.
На неа, младите и амбициозни ученици од образовниот профил техничар за козметичка нега и убавина од нашето училиште ОЕМУЦ ,,СВ. Наум Охридски” – Охрид, јасно ја покажаа својата стручност, практична подготвеност и креативност при примената на природните состојки во негата на кожата како лесно достапни суровини за секој од нас, од каде би започнала секојдневната грижа за неа.
Оваа работилница потврди дека соработката меѓу локалната заедница, бизнис секторот и стручното образование е клучот за развој на младите генерации. Учениците добија можност да ја презентираат својата струка на дело, додека присутните гости си заминаа со нови знаења и инспирација како со мали чекори да градат подобро здравје и внатрешен мир.




