Ученици од нашето училиште учествуваа на конференцијата одржана во Младинскиот центар Охрид, посветена на младинското претприемништво, можностите за развој и градење успешна иднина токму во својата заедница.
Во рамките на настанот, учениците имаа можност да слушнат инспиративни лични приказни од успешни охридски претприемачи, да се запознаат со предизвиците при започнување сопствен бизнис и да дознаат повеќе за можностите за вработување и поддршка за младите.
Горди сме на нивното учество!