Ученици од нашето училиште се дел од ЛАПСИ – Локални активни платформи за социјални иновации, проект што ги вклучува младите во препознавањето на предизвиците во својата заедница и развивањето идеи за нивно надминување.
На првата работилница во Охрид, која се одржа на 2.10.2026 година, учествуваа 10 ученици – 5 од трета и 5 од четврта година. Работевме во тимови, ги мапиравме темите што се важни за младите и започнавме да ги обликуваме своите предлози за позитивни промени во локалната средина.
За нас е особено значајно што нашите ученици се дел од процес во кој нивното мислење, иницијативност и идеи се важни и добиваат простор да бидат слушнати.
Горди сме што сме дел од ЛАПСИ и што активно придонесуваме со својот глас и своите идеи за заедницата.