Blog
Наши ученици и професори во посета на Техничката школа во Ваљево
- October 5, 2026
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
Во периодот од 1 до 4 октомври 2026 година, 13 ученици и 4 професори ја посетија Техничката школа во Ваљево, Република Србија.
Во рамките на посетата имаа презентација на стручните кабинети и Тренинг-центарот на училиштето
Во текот на посетата беа посетени и:
▪️ Истражувачкиот центар за млади таленти во Петница
▪️ Бранковина, местото каде што творела поетесата Десанка Максимовиќ
▪️ Музејот во Ваљево
▪️ Галеријата „Луба“
Учениците имаа можност да ја посетат и традиционалната Чваркијада, каде што се запознаа со дел од локалната традиција и култура.
Посебно значајно беше и присуството на учениците како гости на свечениот настан „Дан школе“, организиран од училиштето домаќин, што претставуваше уште една прекрасна можност за дружење, запознавање и размена на искуства со учениците и наставниците од Ваљево.
Голема благодарност до домаќините од Техничката школа во Ваљево за нивното гостопримство, срдечниот дочек и можноста за размена на знаења, искуства и добри практики.























