Blog
РЕКРЕАТИВНО-ЕДУКАТИВНО ПАТУВАЊЕ – ОХРИД, КИЧЕВО, КРУШЕВО, БИТОЛА
- September 26, 2026
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
Во организација на Младинската заедница при ОЕМУЦ ,,Св. ,, Наум Охридски“ на ден 25.9.2026 година учениците беа на еднодневна рекреативно-едукативна екскурзија на релација Охрид – Кичево – Крушево – Битола , исполнето со дружење, нови искуства, историја и култура.
Во Кичево – кратка прошетка и запознавање со градот.
Во Крушево – учениците го посетија Македониумот симбол на Илинден и македонската државност**. Споменикот „Илинден“** бил изграден на 2 август 1974 година, дело на Јордан и Искра Грабулоски, симбол на непокорот, борбата и вечниот стремеж на македонскиот народ за национална слобода. Не случајно е лоциран на Гумење каде во текот на десетте слободни денови работело Горското началство на Крушевската револуционерна околија, раководена од претседателот Никола Карев. и Спомен-куќата на Тоше Проески, каде се запознаа со животот, делото и наследството на нашиот познат музички уметник.
Во Битола – посета на Хераклеја Линкестис, каде учениците имаа можност непосредно да се запознаат со античкото културно наследство, а потоа уживаа во прошетката по Широк Сокак и централното градско подрачје.
На оваа екскурзија учествуваа 201 ученик и седуммина професори.
Патувањето беше можност за учење преку непосредно искуство, дружење, рекреација и создавање убави спомени.









