Во рамките на Европската недела на мобилност, ученици од нашето училиште учествуваа на настанот „Ден без автомобили“, при што со своите велосипеди дадоа свој придонес во промовирањето на здравите, безбедни и одржливи начини на движење.
Со своето учество, учениците испратија јасна порака за значењето на чистата животна средина, активниот начин на живот и создавањето на поубав и позелен град.
Возиме за почиста животна средина!
Младите се двигатели на позитивните промени!
Заедно создаваме подобра иднина!