На 16.09 и 17.09.2026 година, учениците од I и II година учествуваа на интерактивната работилница „Што би направил/ла ти?“, посветена на темата врсничко насилство.
Работилницата беше организирана од Младинската заедница, со цел преку разговор, интерактивни активности и обработка на конкретни ситуации да се поттикнат учениците да размислуваат за последиците од врсничкото насилство и за начините на кои можат да реагираат и да помогнат.
Заедно градиме училиште без насилство – училиште во кое секој ученик е прифатен, почитуван и безбеден.