Blog
Средба на Комисијата за дуално образование
- September 16, 2026
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
На 15.09.2026 година, во просториите на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид, се одржа редовната средба на Комисијата за дуално образование, организирана од Делегацијата на Германското стопанство во Северна Македонија (AHK).
На средбата беа презентирани активностите и резултатите поврзани со спроведувањето на дуалното образование во изминатата година, со посебен осврт на соработката меѓу училиштето, компаниите и институциите вклучени во овој модел на образование. а беа претставени и планираните активности за оваа учебна година.
Средбата воедно беше искористена за да се претстават реновираните и модернизирани работилници, во кои учениците ќе ја реализираат практичната настава. Присутните имаа можност да се запознаат со подобрените услови, новата опрема и унапредените стандарди за практична обука, кои значително придонесуваат за квалитетот на дуалното образование.
Настанот помина во конструктивна атмосфера, со заедничка посветеност кон понатамошно унапредување на практичните програми и поддршка на учениците во нивниот професионален развој.











