Blog
Tематската дискусија „Меѓуврсничко насилство и вандализам: Млади, училишта и дигитална одговорност“
- August 11, 2026
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
Втора година по ред како Центар бевме поканети на прием во Вилата на претседателката на Македонија, проф. д-р Гордана Силјановска-Давкова, по повод Неделата на млади.
На средбата присуствуваа министерката за образование и наука Весна Јаневска, претставници од невладиниот сектор и експерт од областа на психологијата.
Во фокусот на дискусијата беа врсничкото насилство, предизвиците со кои се соочуваат младите и потребата од заедничко делување на институциите, стручната јавност и граѓанскиот сектор во создавањето безбедна, поддржувачка и инклузивна средина за младите.
За нас претставува чест и одговорност што бевме дел од оваа значајна иницијатива и што имавме можност да придонесеме кон разговорот за прашања од особено значење за младите и нивната иднина.

