Blog
Наставници од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид на меѓународна обука во Сплит, Хрватска
- June 26, 2026
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
Во периодот од 22 до 26 јуни 2026 година, наставниците Јорданка Недеска Симиџиоска, Љупчо Балески и Ангеле Буџакоски од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид учествуваа на меѓународната обука „Latest Digital, ICT & AI Solutions for Educators: Transform Teaching with Technology, ChatGPT, DeepSeek, Multimedia, Storytelling, Game-Based Learning & Smart Assessment Strategies“, која се реализираше во Сплит, Хрватска во рамките на програмата Еразмус+ КА1.
Обуката беше насочена кон современи дигитални алатки, ИКТ и решенија базирани на вештачка интелигенција во образованието, со акцент на примената на алатки како ChatGPT, DeepSeek, мултимедијални содржини, дигитално раскажување приказни, учење преку игри и современи стратегии за оценување.
Во текот на петдневната програма, учесниците имаа можност да се запознаат со иновативни пристапи за подобрување на наставниот процес, креирање интерактивни образовни содржини и интегрирање на вештачката интелигенција во наставата. Покрај работниот дел од обуката, за учесниците беше организирана и културна програма која вклучуваше разгледување на историскиот град Сплит, посетa на градот Трогир, познат по своето богато културно наследство и заштита од УНЕСКО, како и еднодневна екскурзија на островот Брач.
Овие активности овозможија запознавање со хрватската култура, историја и традиција, како и размена на искуства и идеи со учесници од различни европски земји, што придонесе за создавање нови партнерства и можности за идна меѓународна соработка. Стекнатите знаења и вештини ќе бидат применети во наставниот процес во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид, со цел унапредување на квалитетот на образованието, поттикнување на креативноста и развивање на дигиталните компетенции кај учениците.
Со учеството на вакви меѓународни обуки, училиштето продолжува активно да ги следи современите образовни трендови и да придонесува кон создавање иновативна, модерна и квалитетна настава во согласност со европските образовни стандарди.













