Blog
Оглас за запишување на ученици во I- ва година во второто пријавување во јунскиот уписен рок
- June 18, 2026
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
Училишната комисија за спроведување на конкурсот за упис на ученици во Општинскиот Електромашински училиштен Центар “ Св.Наум Охридски“ – Охрид, за учебната 2026/27 година, објавува:
ОГЛАС
За слободни ученички места во второто пријавување во јунскиот уписен рок во I година во учебната 2026/27 година
Во I година во второто пријавување во јунскиот уписен рок во учебната 2026/27 година ќе се запишат вкупно 97 ученици во 8 паралелки со настава на македонски наставен јазик според наставните планови и програми за :
МАШИНСКА СТРУКА – 51 ученик, 3 паралелки
ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКА СТРУКА –45 ученици, 4 паралелки
ЛИЧНИ УСЛУГИ – 1 ученик, 1 паралелка
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ:
При пријавувањето учениците треба да ги достават следните документи :
-Пријава за запишување ( пријавата за запишување учениците ја генерираат со печатење на електронската пријава преку системот за е-услуги)
– оригинални сведителства од VI до IX одделение;
– дипломи од освоени I, II и III место од меѓународни и државни натпревари ( по предметите: мајчин јазик, англиски јазик ,природни науки, математика, хемија, физика, биологија, географија и по предметите кои се значајни за струката) .
–извод од матичната книга на родените ( без оглед на датумот на издавањето).
-проценка за попреченост од системот за проценка на лица со попреченост.
ПРИЈАВУВАЊЕ:
Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во јунски уписен рок со две пријавувања, преку електронско аплицирање на следниот линк :https>//e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку кориснички сметки на schools.mk.
Второто електронско пријавување на учениците во јунскиот уписен рок се врши на 23 јуни 2026, од 00.00 до 23,59 часот.( а помош во училиштето ќе има организирано на 23 јуни од 08,00 до 16,00 часот ). Доставувањето на потребната документација до училиштата е 24 јуни 2026 од 08,00 до 15,00 часот . Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 25 јуни 2026 година, најдоцна до 12,00 часот на огласна табла на училиштето и на веб страната .
Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на годината , испити за побрзо напредување, доколку има слободни места после јунскиот рок можат да се пријават на 20 август 2026 од 00,00 до 15,00 часот електронски. Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 21 август 2026 од 08,00 до 14,00 часот .Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето ќе се објават истиот ден на 21 август 2026 година, најдоцна до 19,00 часот на огласна табла на училиштето и на веб страната.
НАПОМЕНА : По објавувањето на ранг листите со резултатите од запишувањето, учениците кои не се запишани во училиштето задолжително ја подигнуваат целокупната документација во рок од 24 часа.
За подетални информации во врска со понудените профили можете да најдете во Огласот за прием на ученици на следниов линк
Оглас за прием на ученици во I година во учебната 2026- 2027 за второ пријавување
18.06 2026 година
Од училишната комисија при
ОЕМУЦ“ Св.Наум Охридски“ –Охрид