Blog
Освоено III место на Балкан Јуниор 2026
- May 24, 2026
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
Уште еден голем успех за нашето училиште!
На 22.05.2026 година, во Ваљево, Србија, се одржа XII-от меѓународен натпревар во мехатроника, инженерство и електротехника Balkan Junior 2026.
Нашиот тим, составен од учениците Анастасија Стефановска и Филип Кузески од III‑4, од образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика, под менторство на професорите Љупчо Балески, Јован Шикоски и Ангеле Буџакоски, постигна одличен резултат – трето место во силна конкуренција од 8 балкански држави!
Голема благодарност до сите предметни професори кои беа вклучени и дадоа поддршка во подготовките за овој натпревар.
Честитки за освоената награда! Им посакуваме уште многу успеси, нови предизвици и уште поголеми достигнувања во иднина.
По повод големиот успех кој го постигна нашиот тим на Балкан Јуниор 2026 година на 02.06.2026 година беше остварена средба со директорот, професорот Сашо Недески.







