Горди сме на успехот на нашите ученици!
Одличен резултат постигнаа нашите претставници на државниот натпревар по англиски јазик, кој се одржа во Скопје на 9 мај 2026 година.
Кирил Крстески, ученик од трета година, освои втора награда под менторство на проф. Мануела Брдароска‑Јанкоска.
Дарко Митрески, ученик од втора година, се закити со трета награда, под менторство на проф. Борка Секулоска‑Вретоска.
Овој успех е уште една потврда за нивната посветеност, труд и континуирана работа. Честитки за учениците и нивните ментори — продолжуваме да создаваме успеси!