Blog
Еразмус+ проект обедини ученици од Македонија и Турција преку иновации и Ардуино технологии
- April 25, 2026
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
Во просториите на ОЕМУЦ Св. Наум Охридски – Охрид, од 20 до 24 април 2026 година се реализираше петдневен Еразмус+ проект кој успешно ги обедини средношколците од три технички училишта.
Учениците од Охрид, вкупно 10, под менторство на професорката Билјана Ристоска, заедно со 8 гости-ученици од Safranbolu Ahi Evran Vocational and Technical Anatolian High School и Safranbolu Vocational and Technical Anatolian High School, од Сафранболу, работеа на заеднички технички предизвик.
Турскиот тим беше предводен од двајца професори – Мухамет Демир и Касим Боруку, кои активно учествуваа во менторирањето, организацијата и техничката поддршка на учениците.
Главната активност на проектот беше изработка на Ардуино автомобил – формула, при што мешаните тимови составуваа електронски кола, ги програмираа микроконтролерите и развиваа функционални прототипи. Учениците развиваа сопствени инженерски решенија за управување, сензори и автоматизација.
На завршната свеченост, директорот на училиштето Сашо Недески им додели сертификати за учество на сите ученици и ментори, истакнувајќи ја важноста на меѓународната соработка и практичната настава.
И македонскиот и турскиот тим го оценија проектот како исклучително успешен, најавувајќи продолжување на соработката во рамки на Еразмус+.















