Blog
Ученичката Ресмија Селоска најдобра на Регионалниот натпревар по шминка
- April 20, 2026
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
Голем успех и победа на Регионалниот натпревар по шминка, одржан помеѓу младите козметички техничари во Битола.
Нашата ученичка Ресмија Селоска, од ОЕМУЦ “Св. Наум Охридски”, го освои врвот и обезбеди директен пласман на Државниот натпревар кој ќе се одржи на 12 мај во Скопје.
Со креативност, прецизност и силна визија, уште еднаш докажуваме дека вистинскиот успех доаѓа со тимска работа и посветеност.
Инаку своите вештини и знаење на тема: Свечена шминка ги претставија вкупно 12 натпреварувачки од училиштата:
СОУ “Таки Даскало”- Битола
ОЕМУЦ “Св. Наум Охридски” – Охрид и СОУ “Ѓорче Петров” – Прилеп
Од нашето училиште учество зедоа четири ученички кои со својот талент, умешност и оригиналност оставија силен впечаток.
Следна станица на успех нека биде Државниот натпревар!





