Blog
Конкурс за пријавување на ученици за учество на Еразмус проект
- December 22, 2025
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
Врз основа на член 7 и член 8 од Правилникот за работа на меѓународни проекти и соработки донесен од Училишниот одбор и заверен под број 01-955/1 од 18.10.2023 година, Директорот на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“-Охрид распишува:
К О Н К У Р С
за избор на 10 ученици, кои ќе бидат вклучени во Проектот 2025-1-МК01-KA122-VET-000322410 – Дуално образование за успех: Истражување на ефективни стратегии во образованието и обуката кој е финансиски поддржан и спроведуван во рамките на Erazmus+ програмата. Мобилноста ќе се изведе во текот на второто полугодие од учебната 2025-2026 година во Училишниот Центар во Велење, Република Словенија.
За време на мобилноста учениците ќе учествуваат во изведувањето на редовната теоретска настава и практичните вежби во Училишниот центар во Велење заедно со ученици од Словенија.
Учениците кои се заинтересирани да аплицираат за учество во овој проект треба да достават:
- Кратка биографија
- Мотивационо писмо (Зошто сакаш да се вклучиш во овој проект? На кој начин можеш да придонесеш во проектов? )
- Пополнат формулар (Пријава за учество на Еразмус проект)
- Ковертот со документацијата се доставува во канцеларијата на Сменоводителите во посебна назначена кутија за Erasmus и RYCO проекти,
- Конкурсот трае од 12.2025 година до 26.12.2025 година.
- На ковертот задолжително да се наведе за кој конкурс се однесува подготвената документација (Erazmus+)
Критериуми за избор на ученици за учество во проектот:
- познавање на англиски јазик (познавање на словенечкиот јазик ќе се смета за предност)
- учество на eTwinning проекти
- ученикот да е запишан во втора, трета или четврта година во електротехничка, машинска или сообраќајна струка
- поведение
- мотивационо писмо
- да имаат патна исправа/пасош со важност најмалку 6 месеци од датумот на пристигнувањето во Република Словенија
- предност ќе имаат учениците кои досега не учествувале на ваков тип размена
Во случај на исполнетост на основните критериуми од страна на повеќе кандидати, предност имаат ученици кои припаѓаат на ранлива категорија ученици односно ученици со помалку можности.
Дата и Место ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“-Охрид
22.12.2025 Директор
Охрид Сашо Недески