Blog
Посета на учесниците на проектот Active Youth, Inclusive Society на нашиот центар
- November 27, 2025
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
Во рамките на проектот ,,Active Youth, Inclusive Society” како билатерално партнерство помеѓу Здруженијата Loesje од Битола и Mentalidade X од Португалија, на 26.11.2025 година, во просториите на ОЕМУЦ ,,Св. Наум Охридски” од Охрид беа пречекани претставниците од двете организации и им беше презентирано училиштето како институција и беа опфатени теми за можностите и придобивките што ги нуди стручното образование.
Исто така, им беа презентирани и активностите со кои се занимава Младинската организација, која функционира во рамките на Центарот, во имплементацијата на воннаставните активности кои на учениците им овозможуваат социјален развој и вмрежување со многу учесници од светот.
Ваквите соработки се од особена важност за младинците и придонесуваат за заемно разбирање, емпатија и солидарност, кои претставуваат клучни елементи во секојдневното живеење и треба да се негуваат и во иднина.



