На ден 17.11.2025 година нашиот долгогодишен партнер ОДВ-ЕЛЕКТРИК како општествено-одговорна компанија донираше 10 персонални компјутери за потребите на училиштето. Со оваа донација им се овозможува на учениците да имаат современи технички ресурси, кои директно ќе влијааат врз подобрување на нивните знаења, вештини и можности. Поддршката што ни ја дава ОДВ-ЕЛЕКТРИК претставува, исто така, значаен придонес за унапредување на нашата работа и создавање подобри услови за учење и развој на учениците.
Хуманоста и општествената одговорност се пример што инспирира.