Blog
Обука за координатори во рамките на проектот Суперучилишта
- October 16, 2025
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
Како дел од четвртиот Отворен повик на програмата за суперучилишта, околу 100-тина наставници од регионот, координатори на одобрените проекти за Суперучилишта, се придружија на Обуката за наставници во периодот од 11-14 октомври 2025 година во Охрид.
Нашетото училиште, стана дел од оваа програма преку проектот “CRAFTROOTS” во соработка со Гимназијата Обала од Сараево, Босна и Херцеговина, под координаторство на наставниците Јорданка Недеска Симиџиоска и Љупчо Балески.
Бидејќи наставниците остануваат во срцето на секоја приказна за Суперучилишта, настанот послужи и како можност за учење и како прослава на луѓето што ја обликуваат иднината на регионалната соработка. Интерактивната агенда комбинираше работилници, практични вежби и инспиративни дискусии, сите дизајнирани да им помогнат на наставниците да ги подобрат своите пристапи кон меѓукултурно учење и размена, под водство на главниот експерт и тренер, Недим Крајишник.
Наставниците беа официјално поздравени од тимот на RYCO, вклучувајќи го и раководителот на проектот за Суперучилишта, Мимоза Гаврани-Симо и раководителот на локалната филијала, Владимир Ѓорѓевски, заедно со клучниот партнер на RYCO, GIZ, претставен од раководителот на тимот, Јасмин Ваљевац.
——
Оваа програма е дел од проект со повеќе донатори, кофинансиран од ЕУ и Германското федерално министерство за економска соработка и развој (BMZ), а имплементиран од Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) заедно со RYCO.
#RYCO #RegionalYouthCooperationOffice #GIZ #EU #RegionalCooperation #Westernbalkan








