Blog
ОЕМУЦ Св. Наум Охридски > Blog > Вести > Наши ученици присуствуваа на конференцијата „Beyond Digits – Финансиска писменост за инклузија“
Наши ученици присуствуваа на конференцијата „Beyond Digits – Финансиска писменост за инклузија“
- October 11, 2025
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
No Comments
На ден 10.10.2025 г. ученици од нашето училиште, заедно со проф. Ирена Ралева-Најдевска беа дел од Конференцијата „Beyond Digits – Финансиска писменост за инклузија“ во организација на Здружението ЦЕФЕ Македонија. Настанот се одржа во просториите на Europe House во Скопје. На Конференцијата беа потенцирани важноста на инклузијата, практичните решенија и потребата за иновативен пристап во финансиското образование.
Сите говорници ја нагласија потребата од соработка, иновации и пристапни решенија со цел финансиското образование да стане достапно за сите.
Благодарност до претседателот на Здружението ЦЕФЕ Македонија, Јован Сталевски за поканата и за можноста како Центар да бидеме дел од овој настан.








