Blog
Конкурс за избор на ученици за учество на RYCO Superschools проект
- October 4, 2025
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
Врз основа на член 7 и член 8 од Правилникот за работа на меѓународни проекти и соработки донесен од Училишниот одбор и заверен под број 01-955/1 од 18.10.2023 година, Директорот на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“-Охрид распишува:
К О Н К У Р С
за избор на 15 ученици, кои ќе бидат вклучени во Проект финансиски поддржан и спроведуван во рамките на RYCO Superschools програмата. Оваа програма е дел од мултидонаторски проект, кофинансиран од Европската Унија и Германското Сојузно Министерство за економска соработка и развој (BMZ) и имплементиран од Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) заедно со RYCO.
Мобилноста ќе се изведе во втората половина од месец декември 2025 година во Сараево, Босна и Херцеговина.
Учениците кои се заинтересирани да аплицираат за учество во овој проект треба да достават:
- Кратка биографија
- Мотивационо писмо (Зошто сакаш да се вклучиш во овој проект? На кој начин можеш да придонесеш во проектов? Темата на овој проект е Зачувување и одржливост на стари занаети )
-
Пополнат формулар Пријава за ученици за учество на проект
- Ковертот со документацијата се доставува во канцеларијата на Сменоводителите во посебна назначена кутија за Erasmus и RYCO проекти,
- Конкурсот трае од 06.10.2025 година до 09.10.2025 година.
- На ковертот задолжително да се наведе за кој конкурс се однесува подготвената документација (RYCO Superschools)
Критериуми за избор на ученици за учество во проектот:
- познавање на англиски јазик
- учество на eTwinning проекти
- ученикот треба да има услови да прими ученик од партнерското училиште во својот дом и да му обезбеди преноќиште, појадок и вечера
- поведение
- мотивационо писмо
- да имаат патна исправа/пасош со важност најмалку 6 месеци од датумот на пристигнувањето во Босна и Херцеговина
- предност ќе имаат учениците кои не учествувале до сега на ваков тип размена
Според условите на проектот, сместувањето на учениците ќе биде кај ученици. Во случај на исполнетост на основните критериуми од страна на повеќе кандидати, предност имаат ученици кои припаѓаат на ранлива категорија ученици односно ученици со помалку можности.
Дата и Место ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“-Охрид
30.9.2025 Директор
Охрид Сашо Недески