На ден 30.9.2025 г. во просториите на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ се одржа едукативно предавање во организација на АД Пивара Скопје. Преку конкретни чекори, интерактивни дискусии и преку размислувања во поглед на вештините за живот и вештините за водење бизнис, обуката „Вештини за успех” ги поттикна учениците за дополнителен напор за подобри резултати во барањето работа, отвореност за учење, нови искуства и страст во постигнувањето исклучителни резултати.