Blog
Еднодневна екскурзија до опсерваториумот Кокино
- September 27, 2025
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
На ден 26.9.2025 г. (петок) учениците беа на еднодневна екскурзија во посета на Опсерваториумот Кокино. Кокино е археолошки локалитет и мегалитска опсерваторија, лоцирана на околу 30 километри североисточно од градот Куманово. Се наоѓа на вулканскиот рид Татиќев Камен, на надморска височина од околу 1013 метри. Овој локалитет датира од бронзеното време, околу 1800 години пред нашата ера, и е откриен во 2001 година од страна на археологот Јован Тодоровски.
Потоа учениците се упатија во с. Лесново во посета на Лесновскиот манастир – важен духовен и културен центар во средниот век. Таму учениците беа пречекани од отецот Исак, кој детално им објасни за историјатот на манастирот, за чудотворната моќ на светецот и сл.
Потоа учениците имаа слободно време за прошетка во гратчето Кратово и во 17:30 ч. се упатија назад кон Охрид.
На оваа екскурзија учествуваа 109 ученици и шестмина професори.














