Blog
Остварена средба меѓу претставници од СВР Охрид , Општина Охрид и родители-членови на советот на родители
- September 26, 2025
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
На ден 26.09.2025 г. во просториите на ОЕМУЦ,,Св.Наум Охридски”- Охрид беше остварена средба меѓу претставници од СВР Охрид , Општина Охрид и родители-членови на советот на родители. Тема на разговор беше безбедноста во сообраќајот на малолетните лица. СВР Охрид подолг период регистрира поголем број на прекршоци од страна на малолетни лица и за жал бележи пораст на стапката на смртност кај овие лица. Регистрирани прекршоци се :
-управување на мопед без возачка дозвола
-управување мопед или моторцикл над дозволена брзина
-управување на моторцикл без возачка дозвола
-неправилно паркирање
-неносење на заштитна опрема(кацига) итн.
Врз основа на овие податоци, претставниците од СВР Охрид и Општина Охрид упатија апел до сите родители сериозно да пристапат кон овој проблем, како би можеле сите заедно да делуваме да се избегнат несканите последици: парични казни, упатување на деца и родители во ценатрот за социјална работа и да се избегне најстрашниот исход а тоа е несреќен случај со смртни последици.
Исто така донесен е и нов закон кој стапува во сила од денеска 26.09.2025 г. кој предвидува казни за сите лица кои користат електронски уреди во сообраќајот (мобилни телефони, слушалки итн.) независно дали управуваат моторно возило или се пешаци.