Blog
ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ повторно е Суперучилиште
- September 25, 2025
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
На 23 септември 2025 година, во Скопје се одржа церемонијалниот настан „Запознајте ги Суперучилиштата“, во организација на Regional Youth Cooperation Office – RYCO. На настанот беа потпишани 23 договори за нови, но и продолжени соработки меѓу училишта од Западен Балкан.
ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид, под координаторство на професорите Јорданка Недеска Симиџиоска и Љупчо Балески, по втор пат го доби престижниот статус „Суперучилиште“ во рамките на оваа програма.
Во новиот проект, кој ќе се реализира во соработка со Гимназијата „Обала“ од Сараево, ќе учествуваат по 15 ученици од двете училишта. За време на двете разменски посети, учениците ќе бидат сместени во семејства, што ќе овозможи продлабочување на пријателствата, градење доверба, развој на меѓукултурно учење и дијалог, во согласност со целите на Програмата за размена на училишта во Западен Балкан.
На настанот се обратија:
г-дин Фатмир Сабриу, Државен секретар, Министерство за социјална политика, демографија и млади
г-ѓа Елена Ивановска, Државен секретар, Министерство за образование и наука
г-дин Александру Албу, Шеф за операции, Делегација на Европската Унија во Северна Македонија
г-дин Кевин Маас, Раководител за култура, Амбасада на Сојузна Република Германија во Северна Македонија
г-дин Владимир Ѓорѓевски, Раководител на локалната подружница на RYCO во Северна Македонија
г-ѓа Мимоза Гаврани, Проект менаџер на програмата „Суперучилишта“
Со повторното добивање на статусот „Суперучилиште“, ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид ја потврдува својата посветеност на регионалната соработка, интеркултурниот дијалог и развојот на младите.
Проектот е финансиран од ЕУ и германската влада, а го спроведуваат GIZ и RYCO.



