Blog
Заврши Еразмус+ проектот „Здрав ум, светла иднина – Подигнување на свеста кај младите за грижата за менталното здравје“
- June 16, 2025
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
Еразмус плус K152-YOU-000289318 – , одобрен од MK01 – Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на Република Северна Македонија.
Нашето училиште беше организатор на сите сесии и работилници и домаќин на партнерските училишта и младински организации од: Турција, Естонија, Бугарија, Романија и Хрватска.
Младинската размена се одвиваше во периодот од 8.6. до 14.6.2025 г. во Конгресен центар на брегот на Охридското Езеро. Вкупниот број на учесници беше 32 (17 машки и 15 женски) од кои 6 професори и 26 ученици од нивните средни училишта. Сите учесници имаа можност да бидат вклучени во активностите кои беа многубројни и со едукативна цел – надминување на тешкотиите поврзани со менталното здравје и изнаоѓање решенија за нивно надминување со помош на медитација, играње улоги, креирање аудиовизуелна кампања (REELS), изработка на постери со едукативна содржина. Покрај главните активности, учесниците го посетија нашето училиште, беа во посета на манастирот Св. Наум со брод, а потоа со бродот беа донесени во центарот на градот. Целта и специфичните задачи на проектот беа: Подигнување на свеста за важноста на менталното здравје, прифаќање на соученици/колеги кои имаат проблеми со менталното здравје, способност да се помогне на лице кое се соочува со депресија, анксиозност итн. со помош на медитација, спорт и разговор, стекнување добри практики за намалување на стресот преку престој во природа, подобрување на техниките и изнаоѓање алатки за надминување на стресот. Сите предвидени активности беа успешно реализирани во целост.













































