Blog
Освоено I место на Балкан Јуниор 2025 година
- May 11, 2025
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
No Comments
На ден 8.05.2025 година, во Велење, Словенија се одржа XI -тиот по ред меѓународен натпревар во мехатроника, инженерство и електротехника Балкан Јуниор 2025.
Нашиот тим составен од учениците Славчо Мургоски и Андреа Савиќ од III -4, од профилот – електротехничар за компјутерска техника и автоматика и менторите Владо Јанкулоски и м-р Сања Јованоска го освоија ПРВОТО место во силна конкуренција од 7 Балкански држави.
Учениците од ОЕМУЦ, ЧЕТВРТИ пат по ред ја освојуваат ПРВАТА награда на овој престижен меѓународен натпревар.
Им благодариме на сите предметни професори кои беа вклучени во овој проект, а посебна благодарност до професорите Билјана Ристоска од електротехничката струка и Тоде Дукоски од машинската струка.
Им честитаме за освоената ПРВА награда и им посакуваме уште многу успеси во иднина




