Како дел од Еразмус+ програмата за учење преку активности за групна мобилност на ученици, во периодот од 27/04/2025 до 02/05/2025, ОЕМУЦ Св. Наум Охридски беше домаќин на 2 наставници и 6 ученици од ТЕОРЕТСКАТА ГИМНАЗИЈА „ТУДОР АРГЕЗИ“ ( LICEUL THEORETIC “TUDOR ARGHEZI”) од Крајова, Романија.
Целта на оваа посета е меѓународна размена на добри образовни практики, меѓу кои и разгледување на разни активностите против врсничко малтретирање, инклузија, врсничка едукација и еколошки активности имплементирани во училиштето и заедницата домаќин.
Беше реализирана и студиска посета на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“, Охрид.